Милито: Би бил среќен доколку Пандев постигне гол за Џенова во градското дерби

пандев
Горан Пандев со Џенова за четвртфинале ќе игра против Милан во италијанскиот Куп/Фото: EPA-EFE/FABIO MURRU

Во петок (20.45 часот) во рамките од 17 коло во Серија А екипата на Џенова ќе ја пречека Сампдорија во важен натпревар за домаќините да им се вратат на победите и ги одржат надежите дека и оваа сезона можат да обезбедат опстанок.

Џенова има само еден триумф сезонава во италијанскиот шампионат остварена во третото коло на 12 септември на гости кај Каљари (2:3).

Македонскиот напаѓач Горан Пандев сезонава има 15 настапи за Џенова, но без погодок.

Неговиот поранешен соиграч од Интер со кој во 2010 година ја освоија Лигата на шампионите, Диего Милито во интервјуто за „Ил Секоло XIX“ се надева дека Пандев ќе постигне гол во градското дерби:

– Често се слушам со моите поранешни соиграчи меѓу кои се и Кришито и Пандев. Би бил среќен доколку Горан постигне гол, покрај тоа се надевам дека Џенова ќе ги освои трите бода – рече Милито.

Во својата кариера како играч Аргентинецот Милито играше за Џенова од 2003 до 2005 година со 59 настапи и 34 голови, и од 2008 до 2009 година со 31 настап и 24 погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот