МИЛИОНСКИ ДОГОВОР: Словенечка компанија во Индија продаде речиси 200 електрични авиони

Фото: pipistrel-aircraft.com

Словенечкиот производител на ултралесни електрични авиони „Пипистрел“, на индиското Министерство за одбрана му испорача речиси 200 летала, објави компанијата, а пренесе „Б92“.

„Пипистрел“ преку соопштение за јавноста рече дека ја испорачале последната пратка, по примањето на порачката која изнесувала вкупно 194 авиони, пренесе „СТА“.

Сопственикот на компанијата Иво Боскарол рече дека „големите играчи“ во воздухопловната индустрија го предупредиле оти е невозможно да се соработува со Индија и дека никогаш нема успешно да го заврши договорот.

– Сите ние, работејќи заедно како тим, успеавме да го направиме тоа. Ова ни донесе голема почит не само во Индија, туку и во военото опркужување. Овој договор ќе ни отвори многу врати за во иднина – рече Боскарол.

Во соопштението за јавноста се наведува дека „Пипистрел“ ги исполниле условите за испорачување, додека услугите како што се одржувањето, поддршка за купувачите и испорака на резервни делови ќе бидат обезбедни долго по завршување на оваа прва фаза.

Кога го потпишаа договорот во 2015 година, тоа беше најголемата нарачка за ултралесни летала било кога во светот. Компанијата не откри конкретни податоци, но индиските медиуми објавија дека наводно станува збор за договор вреден 20 милиони американски долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот