Милионска донација и на Чави за борбата против коронавирусот

Легендарниот капитен на Барселона, Чави Ернандез, кој сега е тренер на катарскиот Ал Сад, донираше милион евра на болница во Барселона за борба против коронавирусот, тврди „Марка“.

Чави со овој потег го следеше примерот на неговите поранешните соиграчи и тренер, Лионел Меси, браќата Алкантара и Пеп Гвардиола, кои истата сума ја уплатија на сметката на болницата за купување на неопходната опрема.

Опремата е неопходна, затоа ги повикувам и другите спортисти во овие тешки времиња да донираат пари – објави Чави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот