Милиони тони пластичен отпад како последица на пандемијата

Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Пандемијата на коронавирус доведе до значително зголемување на количината на пластичен отпад ширум светот, јави ДПА.

Според една проценка, околу 8,4 милиони тони пластичен отпад во 193 земји биле создадени за време на пандемијата до август, пишуваат експерти од Кинеската академија на науките во Зборникот на Националната академија на науките на САД (ПНАС).

За споредба, според Програмата за животна средина на ОН – УНЕП, луѓето произведуваат околу 300 милиони тони пластичен отпад годишно.

Тим научници проценуваат дека најголемиот дел од пластичниот отпад произведен за време на пандемијата на коронавирус доаѓа од болниците, околу 87,4 проценти, особено во азиските земји.

Маските и другата заштитна опрема за лична употреба сочинуваат 7,6 отсто од отпадот, покажува студијата објавена во понеделникот.

Дополнителен отпад вклучува и амбалажата во која се доставуваат нарачките направени преку Интернет, со 4,7 проценти.

– Пластичниот отпад му штети на морскиот живот и стана главен еколошки проблем, пишуваат научниците.

Тие додаваат дека пандемијата на Ковид-19 доведе до зголемена побарувачка за пластика за еднократна употреба, што, според нив, „го зголемува притисокот врз глобалниот проблем со пластиката, кој веќе е надвор од контрола”.

Досега во океаните влегле 25.000 тони пластика создадена поради пандемијата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот