Милиони корисници го напуштија Ватсап поради новите услови за користење

profimedia
Социјални мрежи / Фото: Profimedia

Милиони корисници на Ватсап (WhatsApp), поради многу слабо објаснето ажурирање на условите за користење, ја напуштија платформата и се префрлија на алтернативи како што се Сигнал и Телеграм.

Напуштањето на платформата беше толку големо што Ватсап мораше да го одложи спроведувањето на новите услови, кои беа закажани за 8 февруари и 15 мај, со цел да им ги објасни на корисниците промените што се прават, пишува британски „Гардијан”.

Во текот на првите три недели од јануари, платформата за пораки Сигнал доби 7,5 милиони нови корисници ширум светот, а Телеграм 25, додека Ватсап на 12 јануари падна од осмото на 23-то место на 12-та најсимнувана апликација во Велика Британија.

Од друга страна, Сигнал на 6 јануари не беше ниту меѓу првите 1.000 најсимнувани апликации, за да го достигне првото место на 9 јануари.

Директорката за јавна политика на Ватсап за Европа, Блискиот исток и Африка, Ниам Свини изјави пред Комитетот за внатрешни работи дека верува оти егзодусот е поврзан со ажурирање на условите на услугата на компанијата.

Како што објасни таа, ажурирањето требаше да обезбеди нов сет на алатки околу деловните пораки и да обезбеди поголема транспарентност околу постојните политики за приватност.

„Сакаме да разјасниме дека ажурирањето нема да влијае на приватноста на пораките со пријателите и семејството на кој било начин”, соопшти компанијата Ватсап. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот