„Милионерите“ замената за Санчо ја најдоа во Барселона

EPA-EFE/DANIEL KOPATSCH

Борусија Дортмунд во последните неколку години стана вистински магнет за младите фудбалери.

Германскиот тим веќе неколку години одлично функционира на финансиски план, нивото мото купи евтино-продади скапо носи резултати, а тимот притоа го направи еден од најпосакуваните кај младите фудбалери.

Двата најдобри примери за одличниот бизнис модел на „милионерите“ се Осман Дембеле и Џејдон Санчо.

Дембеле беше купен од Рен за 15 милиони евра, а младиот француски фудбалер доби можност редовно да игра и по само една година беше продаден на Барселона за 125 милиони евра плус бонуси.

Замената за Дембеле, Борусија ја пронајде во Манчестер сити, Џејдон Санчо беше купен за само седум милиони евра, но во трите години поминати на „Сигнал Идуна Парк“ тој стана еден од најдобрите млади фудбалери во светот. Се поизвесно е дека на лето Санчо ќе се врати во Англија, и тоа во Манчестер јунајтед кој е подготвен да плати помеѓу 90 и 100 милиони евра.

Но, Борусија Дортмунд не седи со скрстени раце и замената на пронајде во Барселона, пишува „Диарио Спорт“. Според весникот, Борусија сака да го купи чудото од дете на Барселона, Ансу Фати.

Барселона побарала време за да размисли, дали да го прати Фати на позајмица во Борусија каде редовно би играл или да го продаде под услов да има повратна клаузула, односно за одредена сума на пари да може да го врати младиот играч на „Камп Ноу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот