„Милионерите“ поразени во дербито на двете Борусии

Дербито во Бундеслигата и припадна на Борусија Менхенгладбах/ 25 септември 2021 година/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Во големото дерби на двете Борусии во рамки на шестото коло во Бундеслигата, славеше Менхенгладбах со 1:0.

Единствениот гоол го постигна Денис Закарија во 37 минута, а само три минути подоцна веќе беше одлучен натреварот.

Борусија Дортмунд поради црвениот картон на Дауд остана со играч помалку, со што се зголемија маките на „милионерите“ кои имаат проблеми со повредите (не играше ниту Халанд), не можеше да го надополни минусот од еден гол и од еден играч помалку на теренот.


Во второто полувреме Дортмунд се обидуваше да дојде до израмнување, но не успеа да направи ниту една шанса, се до 90 минута кога Торган Азар од сама два-три метри наместо топката да ја смести во мрежата, го промаши целиот гол.

По оваа победа, Менхенгладбах се искачи на 11 место на табелата со седум бодови, додека Бортмунд е четврти со 12 бодови, четири помалку од лидерот Баерн Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот