„Милионерите„ подобри во дуелот на двете Борусии, Лајпциг полека го губи здивот (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд со 1:2 ја совлада Борусија Менхенгладбах и се искачи на второто место на табелата во Бундеслигата.

Во дербито на 25. коло од Бундеслигата, резултатот го отвори Торган Азар уште во осмата минута. Домашниот тим израмни на почетокот од второто полувреме преку Ларс Штиндл, но на крајот трите бода ги освоија „милионерите“ благодарение на голот на Ашраф Хакими во 71. минута.


Со победата Борусија Дортмунд се искачи на второто место на табелата со 51. бод, само еден помалку од лидерот Баерн Минхен кој утре го игра својот наптревар, но и еден бод повеќе од Лајпциг кој денеска не успеа да дојде до победата.


Лајпциг одигра без голови на гостувањето кај Волфсбург, но затоа убедлив триумф од 4:0 оствари Баер Леверкузен против Ајнтрахт и ја прескокна Борусија Менхенгладбах на четвртата позиција на табелата.

Прочитајте и...  Во новата рунда на тестирања во Премиер лигата без позитивни на корона

Резултати:
Баер Л. – Ајнтрахт 4:0
Фрајбург – Унион Берлин 3:1
Херта – Вердер 2:2
Шалке – Хокенхајм 1:1
Волфсбург – Лајпциг 0:0
Борусија М. – Борусија Д. 1:2

Прочитај повеќе

Сакраменто Кингс испрати алармантна порака

Слободен печат

МЗТ Скопје со покана за настап во АБА лигата!?

Слободен печат

Гасперини беше заразен пред натпреварот со Валенсија

Слободен печат

Фудбалска „треска“: 110 натпревари во 39 дена

Слободен печат

Ајакс со прекрасен потег им покажа на САД како да кажат „Не на расизмот““

Слободен печат

Аргентинец доаѓа во РК Вардар?

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Баерн има неверојатна генерација, со Сане и Хаверц ќе владее во Европа

Слободен печат

Во новата рунда на тестирања во Премиер лигата без позитивни на корона

Слободен печат

Баерн гази во Бундеслигата, Левандовски руши рекорди (ВИДЕО)

Слободен печат

Ѓоковиќ ја откри тајната во исхраната, појадокот мора да ја има оваа намирница

Слободен печат

НФЛ играч помина повеќе време во затвор за убиство на куче отколку сите полицајци кои убија дури 493 Афроамериканци

Слободен печат

Познат датумот кога стартува и Формула 1

Слободен печат