Милионери бараат трајно зголемување на даноците за богатите

– Парите сега, а и во следните години ќе бидат многу потребни за опоравување од кризата, чии последици ќе траат со децении и кои би можеле да турнат половина милијарда луѓе во сиромаштија, се вели во нивното писмо упатено до националните влади.

Група од 83 милионери, во отворено писмо до националните влади денеска побараа воведување „веднаш и трајно” поголеми даноци за најбогатите, со цел да се придонесе за опоравување на економиите по кризата предизвикана со пандемијата на коронавирус.

„Додека Ковид-19 го погодува светот, милионерите како нас имаат суштинска улога во излекувањето на светот”, се наведува во писмото на групата која се нарекува „Милионери за човештвото”, а во која, меѓу другите се и основачот на американската компанија за производство на сладоледи „Бен енд Церис” Џери Гринфилд и британскиот режисер Ричард Кертис.

Во писмото, објавено непосредно пред состанокот на министрите за финансии во Г20 и вонредниот европски самит, се повикуваат „владите да ги зголемат даноците за луѓето како нас” „веднаш и трајно”.

„Ние не сме оние што се грижат за болните во единиците за интензивна нега. Ние не возиме амбулантни возила што ги носат пациентите во болница. Ние не сме тие што ги пополнуваат полиците со намирници или доставуваат храна од врата до врата”.стои на веб-страницата на групата Милионери. за човештвото” (Millionaires for Humanity).

.„Многу им должиме на луѓето што работат во првите редови на оваа глобална битка. Повеќето суштински работници не се платени доволно за товарот што го носат. Јуришниците на оваа борба се нашите здравствени работници, од кои 70 проценти се жени. Тие секојдневно се соочуваат со смртоносниот вирус на работа, а истовремено ја сносат поголемата одговорност за неплатена работа во своите домови. Ризиците што овие храбри луѓе доброволно ги прифаќаат секој ден со цел да се грижат за остатокот од нас, бараат од нас да воспоставиме нова, вистинска обврска едни кон други и за она што навистина е важно. Нашата поврзаност никогаш не била појасна. Ние мора да го ребалансираме нашиот свет пред да биде предоцна. Нема да има друга шанса да го направиме ова на вистинскиот начин”, се наведува во писмото на милионерите..

„За разлика од десетици милиони луѓе ширум светот, ние не треба да се грижиме дали ќе ја изгубиме работата, нашите домови или нашата способност да ги помагаме нашите семејства. Ние не се бориме во првите редови на оваа вонредна состојба и е многу поверојатно дека нема да бидеме нејзини жртви”, сметаат богатите.

„Затоа, ве моламе. Оданочете нè. Оданочете нè. Оданочете нè. Тоа е вистинскиот избор. Тоа е единствениот избор. Човештвото е поважно од нашите пари”, порачаа 83 милионери од САД, Велика Британија, Канада и други земји.

Тие истакнуваат дека парите сега, а и во следните години ќе бидат многу потребни за опоравување од кризата, чии последици ќе траат со децении и кои би можеле да турнат половина милијарда луѓе во сиромаштија. Милионерите велат дека проблемите предизвикани од Ковид-19 не можат да се решат со донации или добротворни прилози, туку владите мора да преземат одговорност за собирање на потребните средства и нивно праведно трошење, а со цел адекватно финансирање на здравствените системи, училиштата и безбедноста.

Милијардерите како Ворен Бафет и Бил Гејст со години бараат зголемување на даноците за најбогатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот