Милион луѓе го следеле летот на Озил до Истанбул

Преку интернет страницата „Flight radar“ на која може во живо да се следат летовите на авионите, навивачите на Фенербахче го следеа летор на Месут Озил кој пристигна од Арсенал.

„Flight radar“ објави дека летот на Озил со приватен авион од Лондон до Истанбул го следеле повеќе од еден милион луѓе, а во ист момент највеќе имало 300.000 луѓе.

Месут Озил од март минатата година нема одиграно ниту еден официјален натпревар бидејќи не се наоѓа во плановите на менаџерот Микел Артета и во последните неколку месеци поранешниот германски репрезентативец тренираше одвоено од првиот тим. Озил вчера потпиша договор со екипата на Фенербахче. 

Прочитајте и...  Вчера стана најмлад Англичанец кој постигнал гол во ЛШ, денеска одлучи да игра за Германија

Озил беше седум ипол години член на Арсенал и беше најплатен фудбалер на клубот со неделна плата од 395.000 фунти, а претходно има настапувано и за Реал Мадрид, Вердер и Шалке.
Со репрезентацијата на Германија триумфира на Светското првенство 2014 година.

Озил ја продолжува кариерата во Фенербахче

 

Поврзани вести

Елмас наскоро ќе добие нов тренер, позната листата на наследници на Гатузо

Слободен печат

Чави е подготвен да седне на клупата на Барселона, веќе го знае и првото засилување

Слободен печат

Позната иднината на Клоп во Ливерпул, има договор до 2024 година, но…

Слободен печат

Вчера стана најмлад Англичанец кој постигнал гол во ЛШ, денеска одлучи да игра за Германија

Слободен печат

ВИДЕО: Легендарниот Шекил О`Нил на српски јазик со пофалби за Јокиќ!

Слободен печат

Изненадувачки, Ѓоковиќ не е меѓу кандидатите за наградата „Лауреус“

Слободен печат

Остави Коментар