Милинковиќ-Савиќ на лето од Лацио се сели во Јувентус?

фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Јувентус вчера во дербито на 25. коло во Серија А со 3:1 го совлада Лацио, а натпреварот бил искористен и за разговори помеѓу челниците на двете за можна летна трансфер бомба.

Имено, како што пишува „Тутоспорт“ кој ретко греши кога станува збор за информации поврзани со Јувентус, пренесува дека вчера се водени разговори за трансфер на Сергеј Милинковиќ-Савиќ во Јувентус.
Според весникот, српскиот репрезентативец ова лето би го направил трансферот на кариерата и во Јувентус би добил можност да освојува трофеи. Со написите на „Тутоспорт“ се согласува и еден од најценетите италијански агенти, Винченцо Морабито кој смета дека трансферот речиси сигурно ќе се случи по завршување на актуелната сезона.

– Не сум негов агент, но мислам дека ова може да биде добра година за Милинковиќ-Савиќ и за Јувентус. Сега е вистинското време за Јувентус, но и за Лацио. Трансфер пазарот се промени со пандемијата на коронавирусот, и сега се вративме пред „Нејмар ерата“. На Јувентус му е потребен играч од средниот ред како Сергеј. Мислам дека сега е идеално време за овој трансфер, Клаудио Лотито пред пандемијата на коронавирусот бараше 100 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ, а сега би го продал за 50 милиони – смета Морабито.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ во Лацио пристигна во август 2015 година од Генк во трансфер тежок 18 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот