Милијардерот педофил Епстајн имал „југословенска робинка“, ја купил од нејзините родители

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Џефри Епстајн, познатиот милијардер кој во август изврши самоубиство во затворската ќелија, во затворот Палм Спрингс го посетувала тогаш малолетната Надија Марчинкова, чие име во затворскиот регистар било заведено како Надија Маркокона.

Надија е една од жртвите на сексуалниот предатор Епстајн, кој ја силувал и заведувал кога таа имала само 16, односно 17 години.

Светските медиуми пишуваат дека Надија пристигнала во Америка кога имала 15 години, а приказната за нејзината судбина ја раскажала друга жртва на милијардерот, која тврди дека Епстајн ги малтертирал и силувал и двете, а многу често морале и меѓусебно да имаат сексуални односи, додека тој ги гледал.

Иако е родена во тогашна Чехословачка, Епстајн ја нарекувал Надија „Југословенска робинка“.
„Епстајн ја купи од нејзиното семејство во Југославија. Се фалеше дека ја довел во САД за да биде негова сексуална робинка“, напишал детективот Џозеф Рејсери во својот извештај по разговор со жртвата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот