МИЛИЈАРДЕРИТЕ стравуваат за своето БОГАТСТВО: Ќе ја напуштаат Велика Британија, доколку Корбин стане премиер

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Адвокатите и сметководителите на најбогатите британски семејства велат дека се „преплавени“ со повици од милијардерите и милионерите кои барале помош и совети во изборот на земји за селидба, наведува британскиот весник „Гардијан“.

Најбогатите луѓе во Британија се спремни веднаш да ја напуштат земјата, во случај Џереми Корбин да стане премиер, стравувајќи од можна промена на даночната политика и контрола на капиталот.

Истовремено, го преместуваат капиталот во странство и со децата склучуваат договори за подароци, за да го избегнат ветувањето на лабуристите дека ќе го оданочуваат наследството чија вредност надминува 125.000 фунти.

Советниците наведуваат дека потенцијалната влада на Корбин претставува поголема закана по богатството и животниот стандард на едниот процент најбогати отколку Брегзитот.

Џефри Тод, партнер во адвокатската компанија Будл Хетфилд вели дека многу од неговите клиенти веќе подготвиле план за префрлање на богатството од земјата во рок од неколку минути, доколку Корбин биде избран за премиер.

„Многу богати луѓе се загрижени поради тоа што би морале да платат многу поголем данок на богатството и веќе се подготвени за можноста Корбин да состави влада. Трансферите на богатствата се веќе смислени – во голем број случаи недостига само потпис на документот“, наведува Тод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот