Милијардерите повторно во клинч: Маск доби договор од НАСА и жестоко го испровоцира Безос

Минатата недела американската вселенска агенција НАСА ја избра компанијата на Илон Маск „Спејс икс“ во конкуренција со три понуди, да го изработи идниот лендер на Месечината „Артемис“, што е договор вреден 2,9 милијарди долари.

„Блу ориџин“, компанијата која е основана од извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, е инаку во постојана „војна“ со Маск, па поднесе официјален протест заради таа одлука, а понатамошниот развој на случувања говори дека нивното ривалство само ќе се продлабочи.

Како што пренесуваат медиумите, Маск потоа жестоко го испровоцирал Безос.

„Не може да го подигне (во орбита)“, напиша Маск на „Твитер“, а покрај тоа линк од текст на „Њујорк тајмс“ со насловот: „Џеф Безос ја открива визијата на „Блу ориџин“ за вселената и лунарниот лендер“.

Во текстот Безос наведе дека сака да изгради инфраструктура за луѓето да живеат во вселената, што е желба и на Маск, кој планира веќе до 2026 година да ги одведе луѓето на Марс.

Двајцата веќе подолго време се расправаат околу тоа кој е „крал на вселената“, како што сликовито опиша „Гизмодо“.

„Блу ориџин“ својата жалба ја поднесе вчера, а на нејзините 50 страни се гледа дека Безос и неговите деловни партнери нема да ја дозволат таа одлука без борба.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот