Милијардерите да помогнат да се стави крај на сиромаштијата

Сиромаштија / Фото: Архива на Слободен печат

– Филантропијата може да влезе и да ги отстрани огромните критични празнини, смета Мајкл Шелдрик од „Глобал Ситизен“.

Анкета спроведена од движењето „Глобал Ситизен“ и агенцијата „Глокалитис“ покажа дека 8 од 10 луѓе сметаат дека милијардерите треба да посегнат во својот џеб и да помогнат во ставањето крај на сиромаштијата, нееднаквоста и големиот број глобални болести.

Државите членки на ОН едногласно се сложија со амбициозните планови, познати под името Одржливи развојни цели 2015 година со список на цели за ставање крај на гладот, родовата нееднаквост и подобрувањето на пристапот до образование и здравствена заштита до 2030 година.

Сепак истражувачите наведоа дека постои недостиг од 400 милијарди долари годишно за постигнување на тие цели и недостиг од 350 милијарди долари само во 59 најсиромашни земји што ќе има глобални импликации.

– Филантропијата може да влезе и да ги отстрани огромните критични празнини, рече Мајкл Шелдрик од „Глобал Ситизен“, група која се бори против сиромаштијата и кој испитала околу 27.000 луѓе во 25 земји заедно со холандската агенција за истражување „Глокалитис“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот