МИЛИЈАРДЕРИ ОД СЕНКА: Заработуваат големи пари, а никој не знае ниту кои се (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Фамилијата Ван дер Ворм се ретки милијардери кои својот живот го држат далеку од очите на јавноста. Таа фамилија од Данска го изградила своето царство низ „Холанд Америка Лајн“, линија за крстарење кои ја продале фирмата „Карнивал“ во 1988 година за тогаш неверојатни 625 милиони долари.

А 2019 година ќе ја завршат со плус од скоро четири милијарди долари! Но, нејасно е каде парите ќе завршат.

„Фамилијата би можела да ги користи парите за исплата на дивидендите на акционерите, повторно инвестирање во нешто друго, пензии или дури и филантропија“, рекол за Блумберг, аналитичарот Тијс Беркелдер.

Тоа што е интересно е дека ниту еден јавен документ не ги открива имињата на членовите на фамилијата, туку исклучиво нивните иницијали. Единствената работа која успеала јавноста да ја дознае за нивните финансии е низ „панамските документи“, кои се појавиле откако биле излегле информации од адвокатската фирма во 2016 година.

Документите го откриле личното финансиско работење на 12 лидери на земји, 128 јавни службеници и 29 милијардери од листата на Форбс, објави Блумберг.

Преку тие информации се дознало дека компанијата има свое седиште во Курасао, остров познат по ниските даночни стапки, заради што е популарен кај богатите странци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот