Милијарда евра за Баерн Минхен

epa07200270 Bayern's President Uli Hoeness reacts during the annual general meeting of German Bundesliga club FC Bayern Munich in Munich, Germany, 30 November 2018. EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Баерн Минхен пред неколку недели објави дека се наоѓа пред потпис на 800 милиони евра тежок спонзорски договор со автомобилскиот гигант БМВ, но денеска се прекинати преговорите.
„Ги прекинавме преговорите и нема да  бидеме спонзор на Баерн Минхен“, стои во краткото соопшетние од свтомобилскиот гигант,

Според претходните најави, БМВ требаше да го замени конкурентот Ауди како главен спонзор на баварскиот тим, а целиот договор би тежел дури 800 милиони евра. Но проблемот настана во актуелниот договор на Ауди со Баерн Минхен кој е активен до 2025 година и на тимот му носи 30 милиони евра годишно. Од Ауди не сакаа да слушнат да ги продадат акциите на лутиот конкурент и договорот со БМВ пропадна.

Сепак, на крајот Баерн Минхен, ќе излезе  како победник од војната на двата автомобилски гиганти, бидејќи Ауди веќе понудил да се потпише нов спонзорски договор тежок неверојатни милијарда евра. Тие понудиле нова 12-годишна соработка која на клубот ќе му носи 60 милиони евра годишно, а со бонусите за освоените трофеи сумата би се зголемила за 20 до 40 милиони евра во зависност од успесите во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот