Мили Боби Браун ќе стане најплатената актерка во историјата помлада од 20 години

Мили Боби Браун
Мили Боби Браун / Фото: Инстаграм, Мили Боби Браун

Мили Боби Браун, најпозната по улогата Илевен во серијата „Stranger Things“, е најплатената млада актерки на годината, според новиот извештај на „Вараети“.

Браун го заслужи своето место како една од најрелевантните млади ѕвезди во Холивуд. Таа направи голем исчекор благодарение на улогата Илевен во хит-серијата на „Нетфликс“, и оттогаш ја прошири својата актерска кариера, истовремено градејќи силен личен бренд.

Браун, која беше избрана за оваа улога на 12 години, не само што се појави во филмови како „Годзила против Конг“ и „Енола Холмс“, туку истражуваше и други потфати – дизајнирање облека за „Конверс“ или како модел на „Келвин Клајн“.

Таа е подготвена да продолжи да го покажува својот талент како актерка со три претстојни проекти за „Нетфликс“, вклучувајќи го и продолжението на „Енола Холмс“. А нејзиниот хонорар ја прави најплатена млада ѕвезда под 20 години.

Џејк Бонџови и Мили Боби Браун
Џејк Бонџови и Мили Боби Браун / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Стримерот, наводно, ќе ѝ плати на 18-годишната актерка 10 милиони долари за да ја повтори улогата на Енола Холмс, помладата сестра на детективот Шерлох Холмс.

Браун првпат ја презеде улогата во 2020 година. Иако ѝ беше платена значителна сума, се очекува нејзиниот хонорар за продолжението на „Енола Холмс“ да влезе во историјата.

Според „Вараети“, доколу навистина добие 10 милиони долари за „Енола Холмс 2“, тоа ќе биде најголема цифра исплатена на актерка или актер помлади од 20 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот