Милевски во Атина на ALDE Конгрес: Либерална визија за иднината на Европа

Горан Милевски

Мора да ги убедиме нашите европски пријатели дека поставувањето пречки на патот кон ЕУ може да има негативни последици како за нас, така и за целиот регион, вели за МИА претседателот на Либерално демократската партија (ЛДП) и министер за локална самоуправа, Горан Милевски, кој денеска и утре ќе учествува на 40-тиот конгрес на ALDE (Европската Алијанса на либерали и демократи) во Атина.

Тој додава дека на конгресот ќе поднесат итна резолуција во која јасно ќе ги потенцираат нашите барања да се промени одлуката на унијата.

Присуството на стотици политичари и високи функционери ќе биде искористено и за лобирање за откочување на евроинтеграциските процеси на земјава, jави дописничката на МИА од Атина.

-Иднината на нашата држава е во Европската унија и тоа на сите ни е јасно. Мора да ги убедиме нашите европски пријатели дека поставувањето пречки на тој пат може да има негативни последици како за нас, така и за целиот регион. Ние, на конгресот поднесуваме итна резолуција во која јасно ги потенцираме нашите барања да се промени одлуката на ЕУ. ALDE се залага за проширување на Европската Унија, а јас ќе се обидам да ги искористам релациите со сестринските партии за и тие да лобираат во наше име во нивните матични држави. Договорена е средба со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, како и со останати партиски соработници од Европа со кои ќе дискутираме за нашите идни планови и за претстојните избори и поддршката од нивна страна за нашата држава, вели за МИА, претседател на ЛДП, Горан Милевски,.

На настанот ќе присуствуваат околу 800 делегати, вклучително и премиери, европски комесари, носители на одлуки, делегати и индивидуални членови на ALDE од цела Европа.

Тие ќе гласаат за резолуции на теми како земјоделство, животна средина и енергија, култура, едукација и истражување, демократија во ЕУ, единствен европски пазар, надворешни работи, фундаметална слобода и човекови права, социјални политики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот