Милевски: Сигурен сум дека фудбалерите имаат мотив и енергија за уште два силни натпревари

фото: ФФМ

Македонската А репрезезентација на 10 јуни (сабота) ќе го има официјалниот собир за јунските натпревари од квалификациите за Европското првенство 2024 против Украина (16 јуни, Национална арена „Тодор Проески“) и Англија (19 јуни, „Олд Трафорд“, Манчестер).

Поголемиот дел од повиканите фудбалери за овие два меча, односно играчите кои веќе завршија со клупски активности, го одработија првиот дел од подготовките со националниот тим.

Дени Илиев, Езѓан Алиоски, Јован Манев, Енис Барди, Аријан Адеми и Илија Несторовски поради обврски во клубовите не беа во можност да се стават на располагање за подготовките од 2 до 8 јуни на тренинг центарот „Петар Милошевски“, додека Елиф Елмас денеска одработи тренинг со своите репрезентативни колеги.

фото: ФФМ

Благоја Милевски, селекторот е задоволен од оваа фаза на подготовките, иако е крај од сезоната, тој е сигурен дека неговите фудбалери ќе имаат мотив и енергија за уште два силни натпревари.

Повеќето од фудбалерите се собраа, очекуваме и останатите да ни се придружат во следните три дена, на 12. јуни треба да бидеме комплетни на тренинг откако ќе пристигнат Алиоски, Адеми и Илиев. Исклучително сум задоволен од оваа фаза на подготовки. Фудалерите, иако уморни од сезоната во клубовите, покажаа ангажираност, професионален пристап и голем ентузијазам.

Се обидовме да постигнеме одреден баланс со однос на физичката исцрпеност и енергијата која ќе ни треба за следната фаза подготовки и натпреварите кои не очекуваат. Акцентот сега го ставивме на физичката подготвеност, а веќе од 10. јуни се насочуваме на техничко-тактичка анализа и тоа ќе биде фокусот на тренинзите. Украинците ќе ги предводи нов селектор, кој ќе го промени системот на игра, но ние веќе навикнавме на промени кои во најмала рака ни ја отежнуваат работата во однос на подготовка на натпреварите. Таков беше случајот и пред мечот со Малта.

Но, за нас е најважно да бидеме силни на тренинзите кои ни следуваат и целосно да се вложиме и тактички и физички. Иако е крај од сезоната, сигурен сум дека фудбалерите имаат мотив и енергија за уште два силни натпревари – вели Милевски.

Македонија без Миовски и со еден дебитант против Украина и Англија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот