Милевски: Резултатот не е реален, имавме многу повеќе шанси од Бугарија

фото: ФФМ

Благоја Милевски, селекторот на македонската А репрезентација, го коментираше поразот од Бугарија (0:1) во последното шесто коло од групата „4“ од Ц сегментот во Лигата на нации.

Нашиот стратег беше разочаран и смета дека победата на гостинската селекција не е заслужена.

– Немавме среќа што останавме со играч помалку толку рано на натпреварот. Ни требаше време да влеземе во мечот. Имавме многу шанси, но не успеавме да постигнеме гол. Резултатот не е реален, имавме многу повеќе шанси од Бугарија и заслуживме да постигнеме гол. Мислам дека имаше фер-плеј и коректност на спортски план. Но, не можеме да ги контролираме луѓето на трибините. Жал ми е за тоа, но тоа е тоа – рече Милевски.

Овој пораз може да значи преселба на нашата селекција во петтиот шешир во жрепката на 9 октомври за квалификациите за ЕП 2024.

До крајот на годината како што е најавено Македонија ќе одигра уште три пријателски мечеви, со Саудиска Арабија, Финска и Азербејџан.

Антов: Исвиркувањето на нашата химна нè мотивираше

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот