Милевски пред натпреварот со Малта: Во денешниот фудбал не постојат фаворити

фото: Слободен печат

Сите мисли на најдобрата македонска фудбалска репрезентација се кон утрешниот прв натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

Прв противник на нашата А селекција е Малта в четврток од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски ја имаат фаворитската улога, но истата треба да ја оправдаат на теренот.

– Секако дека анализите кои ги правевме се од последните четири натпревари на Малта, но тоа не мора ништо да значи дека така ќе биде на следниот дуел затоа што имаат нов селектор, но играчите се тие. Се работи за квалитетна репрезентација, со квалитетни индивидуални карактеристики на играчите. Имаме максимален респект кон противникот, но ќе нагласам дека сето она кое ќе се случува на натпреварот зависи во најголема мера од нас самите. Кога ги гледам момците како изгледаат, повеќе од уверен сум дека ќе тргнеме успешно во овие квалификации. Ама, во денешниот фудбал фаворити не постојат, ќе мора да се вложиме максимално за успех – изјави Милевски на денешната прес-конференција.

Милевски кажа дека поради повреда нема да може да смета на Доријан Бабунски.

– Лигата на нации дојде после одлични мундијалски квалификации во кои првпат бевме втори, после два извонредни баражи за СП, па имавме проблеми со составот. Реалноста е таа дека имаме 20 до 25 фудбалери кои се конкурентни, но за жал не ги имавме сите играчи на располагање. Додадовме 12 дебитанти на кои им треба време за аклиматизација на сѐ што се бара во националниот тим. И тие мечеви ги искористивме за да создадеме хемија помеѓу помладите и искусните, а од собир до собир изгледаме сѐ подобри како тим. Затоа не гледам причина зошто да не напредуваме. Тоа е главната цел, а имаме и противници кои се предизвик, ќе се потрудиме да одговориме на најдобар начин – се зборовите на нашиот селектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот