Милевски: Пандемијата ги намали средствата на општините, потребна е државна помош 

Средствата за регионален развој за осумте плански региони нема да се намалат во Буџетот за 2021 година. Тоа е според првичните проекции и информации од Министерството за финансии, најави денеска министерот за локална самоуправа Горан Милевски кој заедно со в.д. градоначалникот на Општина Штип ја посетија сензорната соба во детската градина „Астибо” во Штип.

– Ние се бориме да го зголемиме износот на средствата бидејќи гледаме дека пандемијата ги намали средствата, даноците на општините и на јавните претпријатија. Навистина е потребна државна помош за локалната самоуправа ако сакаме нормално да ги реализираме сите тековни активности и во насока да се задоволат потребите на граѓаните. Затоа ќе дадеме се за да ги зголемиме средствата за капитални инвестиции, изјави Милевски.

Прашан колку приходите на општините се намалени од почетокот на пандемијата, Милевски со одговор дека намалувањето кај одредени општини достигнало и до 30 проценти кај општините и јавните претпријатија.

Забележа дека изминатите месеци општините финансиски ги помагале јавните претпријатија кои имале проблеми со тековното работење, а во услови на пандемија општините издвоиле и дополнителни средства за набавка на лаптопи за учениците.

Што се однесува за проблемот на помалите општини кои немаат градежни инспектори, Милевски вели дека и со останатите министерства ќе го разгледаат ова прашање за недостигот на инспекторите.

– Политичка одлука е дали ќе се прифати тоа што ние ќе го дадеме како предлог се разбира со ЗЕЛС, вели  Милевски.

На новинарско прашање за најновите истражувања на Центарот за граѓански комуникации во кое се открива дека општините годинава потрошиле два милиони евра за возила, Милевски со одговор дека доколку овие средства се потрошени за санитетски возила, противпожарни возила, возила за потребите на јавните претпријатија за комунална хигиена е во ред, но доколку се потрошени за луксузни возила тогаш тој ги осудува тие градоначалници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот