Милевски очекува победа: Верувам дека ќе ја оправдаме улогата на фаворит против Лихтенштајн

Селекторот очекува дека неговите фудбалери ќе слават против Лихтенштајн/ фото: ФФМ

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски е убеден дека неговите фудбалери по трите ремија во септемврискиот квлаификациски циклус за пласман на СП 2022 година, утре конечно ќе остварат победа.

Противник на фудбалерите е селекцијата на Лихтенштајн која на последниот меѓусебен дуел, во март годинава во Скопје беше совладана со убедливи 5:0.

– Може да кажам дека сум задоволен од тренинзите кои ги имавме изминативе денови, фокусот и залагањето на фудбалерите. Токму поради тоа убеден сум дека фаворитската улога од која не сакаме да избегаме ќе ја оправдаме и на утрешниот натпревар ќе дојдеме до победата. Иако, факт е дека ако сакаме три бода ќе биде неопходна максимална концентрација и ангажман на терен. Лихтенштајн на последните натпревари, како со Германија и Романија, а посебно со Ерменија покажа дека е селекција која е цврста, која има исклучително тактичка дисциплина. Станува збор за квалитетен тим и тоа го покажа, па сето ова ни наметнува дека треба да бидеме на највисокото ниво за да победиме. Јас ќе бидам задоволен со три бода, а за тоа ќе ни треба и многу концентрација и многу труд на теренот, за да бидеме на највисокото ниво и со најголем квалитет да се избориме за тие три бода – изјави Милевски на прес-конференцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот