Милевски објави фотографија со градоначалникот од ЛДП-ДОМ: Славиме во Шутка за нашиот Куцо

Фото: Горан Милевски/Фејсбук

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, на Фејсбук објави фотографија од прослава за освоениот градоначалнички мандат на кандидатот на ЛДП и ДОМ, Курто Дудуш.

„Славиме во Шутка за нашиот градоначалник Куцо. Продолжуваме Одлучно во Шутка! Продолжуваме Одлучно во Македонија!“, напиша Милевски во објавата со фотографијата, на која покрај Милевски и Дудуш, е и претседателката на ДОМ, Маја Морачанин.

„Уште посилно да ја реализираме нашата либерална програма и проекти до крајот на мандатот“, додава Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот