Милевски: Нема да биде лесно против Фарските острови!

Своето деби како селектор на сениорите ќе го има против Ерменија/Фото: ФФМ

Македонската млада репрезентација до 21 година утре (вторник, 19. ноември) против селекцијата на Фарски Острови ќе го одигра натпреварот од петтото коло од квалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Натпреварот против Фарски Острови е закажан од 18.00 часот во Торшавн, но двете репрезентации се соочуваат со замрзнат терен на стадионот „Торсвулур“.

Во квалификациската група „6“ пред четири дена во Алкоркон избраниците на селекторот Благоја Милевски загубија убедливо со 3:0 од Шпанија.

Утрешниот меч е убава шанса нашите фудбалски надежи е да се вратат на победничките патеки.

– Очекувам сосема различен натпревар во однос на дуелот кој го одигравме во Скопје. Фарски Острови воопшто не се наивна репрезентација, а тоа го покажаа на мечевите во овој квалификациски циклус. Нема да биде лесно, но се надевам дека сите фудбалери ќе бидат на висина на задачата и максимално сконцентрирани на утрешниот дуел. Во нашиот состав веројатно ќе има промена или две во однос на составот со Шпанија. Против шпанците бевме одлични на тактички план, посебно во дефанзива, имавме проблеми во транзицијата од одбрана во напад, но јас сум задоволен од начинот на кој тактички се спротивставивме. Сега е сѐ поразлично, условите на теренот и сѐ околу е чиста импровизација, теренот е замрзнат и поради тоа не одработивме ниту дел од програмата за тренинг – вели Милевски.

На табелата води Шпанија со 12 бодови, Израел, Македонија и Казахстан имаат по седум, четири Црна Гора, а последните се Фарските острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот