Милевски: Не ми е јасно зошто бев исклучен, Малта не ме изненади

Фото: Слободен печат

Maкедонската фудбалска репрезентација вечерва ја победи Малта со 2:1 во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство.

Не блескавме, но изгледаше дека одигравме онолку колку што треба за да победиме против репрезентацијата која важи за аутсајдер во нашата група. Во финишот од натпреварот селекторот, Благоја Милевски заработи црвен картон, а на прес-конференцијата истакна дека не му е јасно зошто бил исклучен.

„Честитки до момците за желбата која ја покажаа, како и за тактичката дисциплина. Не ми е јасно зошто го добив црвениот картон, јас го напуштив мојот простор, а тоа е жолт картон. Главниот судија немаше проблеми, одлуката беше на четвртиот“, изјави Милевски.

Дефанзивецот Ѓоко Зајков во завршницата од натпреварот беше изнесен со амбулантно возило поради вртоглавица.

„Ѓоко Зајков имаше вртоглавица и беше пренесен во болница, се надеваме дека се ќе биде во ред“, кратко одговори селекторот.

Играта на Малта не го изненадила Милевски.

„Очекував и подобро издание од Малта, но ние не дозволивме повеќе да одиграат. Воопшто не ме изненадија, како и што кажав пред натпреварот, ова е репрезетација во подем. Со вакви репрезентации секогаш треба да бидете на високо ниво ако сакате да успеете“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот