Милевски:  Не дојдовме во Португалија како туристи, дојдовме да победиме

Селекгорот Милевски верува во своите фудбалери/ фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) го игра најважниот натпревар во историјата, за пласман на Светското првенство во Катар, а селекторот Благоја Милевски верува дека неговите избраници се кадарни да совладаат уште еден голем фаворит.

Утревечер на стадионот „Драгао“ во Порто, Македонија и Португалија го играат финалниот бараж натпревар од групата Ц, кој ќе го даде патникот на Мундијалот во Катар.

– Секако, како и пред натпреварот со Италија знаеме кој е има улогата на фаворит пред овој натпревар. Знаеме со каков квалитет располагаат Португалцитеа, нема потреба да ги нагласувам сите тие имиња што играат за Португалија, но ние не сме тука дојдени како туристи. Напротив, дојдовме да победиме – изјави Милевски на официјалната прес-конференција.

Милевски уште еднаш им порача на своите фудбалери да уживаат на утрешниот натпревар.

– Никој во светот не очекуваше дека ќе се најдеме на овој дуел. Но, ние чекор по чекор го потврдивме сиот свој квалитет и заслужено сме повторно тука во финалето за СП 2022. Затоа фудбалерите имаат повторно само една порака од мене, да уживаат во моментот, да излезат на терен и уште еднаш да го покажат сиот свој потенцијал и срце. Сигурен сум дека не очекува сосема поразличен натпревар од оној против Италија. Најважно е да го реализираме тоа што ќе се договориме, да се почитува секој момент од подготовките, a потоа на терен ќе се види кој за што бил подготвен и дали ќе одлучи на крај колективот или индивидуалните квалитети.

Добра вест за селекторот е тоа што нема никакви проблеми со повредите и веќе го знае почетниот тим што ќе истрча на „Драгао“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот