Милевски: Не бев задоволен од некои работи во првото полувреме, во второто направивме корекции

Фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија, денес забележа победа во пријателскиот натпревар против Фарски Острови со 1:0. Стрелец на одлучувачкиот гол беше Бојан Миовски во завршницата од натпреварот.

Селекторот Благоја Милевски е најзадоволен од психолошкиот момент кај фудбалерите.

,,Најважно од овој натпревар ми беше да го видам менталниот и психолошкиот момент за да бидам сигурен дека одиме во онаа насока на која јас сакам да одиме. Пристапот на фудбалерите, енергијата и желбата за победа е она што ме прави најзадоволен. Без разлика дали е Малта, Фарски Острови или некоја друга репрезентација пристапот мора да биде ист. Енергијата која не красеше во овие два натпревари, посебно денес иако стануваше збор за пријателските натпревари треба да ја задржиме и понатаму.

Големата посетеност против Малта посебно го изненадила Милевски, но денес трибините на Арената „Тодор Проески“ беа прилично празни.

Денеска не бев задоволен од некои моменти во првото полувреме, потоа направивме некои корекции и сум задоволен од тоа како реагиравме. Македонската публика пријатно не изненади против Малта и сум благодарен, денес сепак е непопуларен термин за фудбал и повторно сум благодарен на оние кои дојдоа да ни дадат поддршка”, изјави Милевски.

Следен предизвик за репрезентацијата на Македонија е квалификацискиот циклус за Европското првенство во јуни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот