Милевски: Можеме против најдобрата млада репрезентација во Европа!

ffm.mk

Македонската репрезентација до 21 година на почетокот од следниот месец ги продолжува квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство.

Селекцијата предводена од Благоја Милевски на 3 септември ја пречекува Шпанија (18:45 часот, Национална арена „Тодор Проески), додека на 8. септември гостуваме на Фарски Острови.

Благоја Милевски, селектор на Македонија до 21 година:

Оваа репрезентација покажа дека може да се спротивстави на најдобрата млада репрезентација во Европа. Најважно за мене е да бидеме физички на високо ниво. Се надевам дека ќе поправиме некои грешки од минатиот натпревар. Квалитетот и потенцијалот на нашите момци ми дава право да се надевам на добар натпревар.

Моментно во квалификациската група „6“ води Шпанија со 13 бодови од пет натпревари, следува Израел со осум од четири натпревари, по седум бодови имаат Казахстан (пет натпревари) и Македонија (четири натпревари), претпоследна е Црна Гора со четири бодови (шест бодови), а без бодови од четири натпревари е Фарски Острови.

Милевски повика шест дебитанти за квалификациите против актуелниот европски шампион

Видео на денот