Милевски: Македонија нема одиграно подобар фудбал, до последен момент нема да се знае кој ќе биде втор во групата

Селекторот е задоволен од прикажаната игра на неговите избраници/ фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Фудбалската репрезентација на Македонија на трите натпревари во септемврискиот циклус од квалификациите за Мундијалот во Катар одигра нерешено.

Овие натпревари воедно се и први за новиот селектор на „црвено-жолтите“, Благоја Милевски кој е задоволен од играта против Романија. Неговите избраници доминираа во текот на целиот натпревар, создадоа неколку изгледни шанси, но изостана реализацијата.

– Сочувство до сите фамилии кои имаат починати во трагедијата во Тетово денеска. Македонија нема одиграно подобар фудбал без разлика на реализацијата. Немам замерка на ниту еден фудбалер, бидјеќи момците не само што дадоа максимум туку и одиграа одличен фудбал. Има уште четири натпревари до крај. Во оваа група до последниот натпревар нема да се знае кој ќе биде втор. Мислам дека секој следен натпревар треба да ни е најважен, а за тоа како ќе завршат квалификациите до последниот меч со Исланд се надевам дека ќе останем конкурентни. Начинот на кој одигравме не треба да бидеме задоволни од тоа што освоивме само три бода. Мислам дека заслуживме најмалку уште четири бода – рече Милевски на прес-конференцијата по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот