Милевски: ЛДП се залага за враќање на довербата во судството, каде ниту парите ниту политичките партии би биле пресудни (ВИДЕО)

Горан Милевски / Фото: Утрински Брифинг - Слободна ТВ

Она што ние како партија го заговараме е отворени листи на следните избори, а прв тест би биле локалните избори.

Се надеваме дека во наредниот состав ќе има доволно разбирање и конечно Македонија да биде една изборна единица, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ лидерот на ЛДП, Горан Милевски.

-Кога сме разделени во шест изборни единици и помалите партии би имале свои претставници. Отворените листи се многу важни да влезат индивидуи со интегритет и идентитет и со тоа би ја вратиле парламентарната демократија каде нема да се гласа по диктат на врвот на партијата.

-Како партија се залагаме и приоритет ни е враќање на довербата во судството, каде ниту парите ниту политичките партии би биле пресудни. Она што не го направивме овој период сметам дека приоритет ќе биде во периодот кој што следи. Нема бизнис без цврство правосудство, вели Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот