Милевски: ЛДП ја поддржува Владата

фото миа

Министерот за локална самоуправа и преседател на ЛДП Горан Милевски денеска изјави дека одлуката нивните двајца пратеници да делуваат надвор од пратеничката група на СДСМ е донесена уште во август, но дека таа не била соопштена во јавноста, а дека нивните коалициски партнери неколку пати замолиле да го одложат објавувањето. За Милевски не е јасно зошто се крена толкава тензија во јавноста во врска со тоа и потсети дека ЛДП во соопштение кажала дека и понатаму продолжува да ја подржуваме Владата и дека ќе гласаат против интерпелациите за двајцата министри.

-Знаеја нашите коалициони партнери и неколку пати не замолија да ја одложиме презентацијата на оваа одлука заради некои политички случувања кои во моментот се случуваа, пример излезе БЕСА, како независни пратеници, и имаше други случувања и ние тоа сме го почитувале. Но, некој на опозициски портал ја проби оваа вест и не знам зошто во исто време се разви веста со бегството на Сашо Мијалков. Во политиката нема коинциденции и ние како партија моравме да дадеме одговор и немаме намера да лажеме. Ние ја потврдивме веста и дека тоа од техничка природа ќе го направиме, бидејќи Деловникот им дава поголема слобода на делување, афирмација на партијата на пратениците, но и на нашите, предлози, идеи и проекти кои ги имаме да ги предложиме преку Собранието, рече Милевски.

Според него, изјавата на премиерт е дадена во нервоза поради случувањата од претхидниот ден и не гледа причина за нарушување на односите меѓу нив.

-Ние како демократска партија апсолутно не прифаќаме други политички партии да ни диктираат какви одлуки ќе донесеме и кога тие одлуки ќе ги донесеме. Ако се има доверба помеѓу нас во партнерскиот однос нема потреба да се плашат од најавите на опозицијата. ЛДП да сакаше да ја руши оваа Влада немаше да даде поддршка за да се формира оваа Влада. За мене тие најави се безпредметни и нема потреба да се руши Влада за да се излегува од пратеничка група. Ние и понатаму заеднички ќе ги подржиме и работиме во Собранието меѓутоа ќе ги користиме алатките кои ги овозможува овој Деловник за работа, нагласи Милевски.

Одлуките во ЛДП, како што кажа, се колективни и се носат во демократска дебата, и најчесто се едногласни.

– Пратениците целосно стојат зад партијата и нема сомнение дека некои од пратениците работат против партијата, изјави Милевски.

За прашањето за отворените листи, Милевски рече дека ќе почекаат да видат што ќе произлезе од разговорите помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП самоиницијативно со поддршка од други политички партии ќе даде предлог за отворени листи за избор на советници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот