Милевски: Комплексот од пониска вредност е зад нас

фото: ФФМ

Боби Милевски денеска и официјално е промовиран како старо-нов селектор на младинската репрезентација на Македонија. Младата фудбалска репрезентација токму под водство на Милевски го оствари најголемиот успех во македонскиот фудбал со пласманот на ЕП во Полска минатата година.

– Гледам ситуација што ме разочарува, странци кои не се ништо подобри од нашите млади фудбалери добиваат шанса за докажување во македонските клубови. Тоа е доволен доказ дека не ги цениме доволно своите млади играчи, затоа и реагирам и ќе испратам и конкретен предлог до ФФМ. Мое мислење е дека треба да се промени правилото за настап на фудбалер до 21 година, така што тој млад играч мора да игра минимум едно полувреме, а не како што сме сведоци сега – да се менува голман уште од првата минута – вели Милевски.

Квалификаците за Европското првенство 2021 година стартуваат во септември. Младите надежи се во група со Шпанија, Израел, Црна Гора, Казахстан и Фарските Острови.

– -Целта е пласман на Европско првенство. Тоа не значи дека на фудбалерите ќе им наметнеме притисок дека мора да се пласираат на ЕП. Ние не сме Шпанија, Бразил или Германија. Мора да направиме сѐ ако ни се укаже шанса. Комплексот од пониска вредност е зад нас, а тоа е поткрепено и кога ќе ја видам А-селекцијата во која шест играчи се првотимци од оваа селекција и уште тројца се меѓу 18 во составот – изјави Милевски на официјалната промоција.

 

Распоред на натпреварите во квалификации за ЕП 2021:

10 септември 2019: Македонија – Фарски Острови
10 октомври 2019: Црна Гора – Македонија
15 октомври 2019: Казахстан – Македонија
14 ноември 2019: Шпанија – Македонија
19 ноември 2019: Фарски Острови – Македонија
26 март 2020: Македонија – Израел
31 март 2020: Израел – Македонија
8 септември 2020: Македонија – Шпанија
8 октомври 2020: Казакхстан – Македонија
13 октомври 2020: Македонија – Црна Гора

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот