Милевски: Ќе ни недостасува Пандев, дали ќе успееме да го надополниме неговото отсуство ќе покаже времето

фото: Слободен печат

Благоја Милевски денеска и официјално беше промовиран во нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија и ќе има задача да обезбеди пласман на ЕП 2024 година.

Со доаѓањето на Милевски на местото на Ангеловски, започнува нова ера во репрезентацијата бидејќи од настапите во националниот тим се откажаа и капитенот Горан Пандев, Крсте Велковски, Иван Тричковски.

– Пандев, Тричковски и Крсте Велковски изразија желба да завршат со настапите во репрезентацијата и сакам да им се заблагодарам на сите нив како и на мојот претходник за се што направија досега, но мора да продолжиме во новите предизвици – вели Милевски кој дополнува дека ќе ја почитува одлуката на Пандев и нема да се обидува да го премислува.

Мислам дека Горан беше категоричен во тоа што го кажа и во мое име уште еднаш да изразам благодарност за тоа што го направи. Не случајно е легенда на македонскиот и европскиот фудбал. Јас морам да ја почитувам неговата одлука и да направам се за да ја пополниме празнината која ќе ја остави во репрезентацијата. Благодарност и до мојот претходник Ангеловски за афирмацијата на македонскиот фудбал во светски рамки и настапот на Евро 2020, но времето не можеме да го запреме и мора да се навикнеме на се што ни следи понатаму во интерес на македонскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот