Милевски: Има уште многу за поправање, но добро е што победуваме!

ffm.mk

По победата против Црна Гора на гостински терен, македонската репрезентација до 21 година има максимални шест бодови по две кола во групата од квалификациите за Европското првенство 2021.

Селекторот Благоја Милевски и капитенот Јани Атанасов не криејќи го задоволството по триумфот во Подгорица, велат дека оваа генерација мора да напредува на секои следен дуел и да ја продолжи низата победи.

– Честитки за фудбалерите, честитки за фудбалерите. Посакувам само да продолжи да не краси овој пристап. Момците максимално сериозно влегоа во натпреварот и успеавме да ја оствариме целта. Имаме уште многу работи за поправање во играта, но добро е што победуваме и кога има одредени недостатоци во играта. Тоа ќе се обидеме да го поправиме на следните натпревари. Овој дуел во Подгорица го забораваме и уште вечерва се концентрираме на домашниот натпревар против Казахстан- рече селекторот на У21 надежите,  Благоја Милевски.

Еден од најзаслужните за трите бода во Подгорица беше капитенот на репрезентација, Јани Атанасов. Како капитен на репрезентацијата

– Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи за победата вечерва против Црна Гора. Навистина одигравме храбар натпревар и среќни сме што успеавме да го свртиме резултатот во наша корист. Дадов два гола, но за мене тоа не е толку важно. Битно е дека како тим бевме подготвени, ја сакавме победата и мора да продолжиме во истиот правец. Се надевам дека ќе растеме во секој поглед на следните дуели од квалификациите – се зборовите на репрезентативецот, Атанасов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот