Милевски: Им честитам и капа доле за момците!

Благоја Милевски, селекторот на македонската фудбалска А репрезентација/фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ја победи Ерменија со 2:0 во рамките од второт около во Лигата на Нации.

Во вечерашниот натпревар, Македонија беше подобра од самиот почеток и создаваше повеќе прилики за гол и создаде повеќе прилики за гол, а во второто полувреме постигнавме два гола и со играч помалку на теренот. Во завршницата од првиот дел исклучување заработи Ѓоко Зајков.

Селекторот Благоја Милевски по натпреварот беше задоволен од изданието кое го прикажа фудбалерите и им испрати посебна честитка.

„Им честитам на фудбалерите кои уште еднаш покажаа дека со право се тука, секоја чест за нив и капа доле. Веќе кажав претходно дека овие момци секогаш кога биле под притисок ја исполнувале задачата, па биле и над тоа. Не очекуваат во групата шест натпревари, не значи дека ако не победиме во првиот нема да бидеме први, но исто така оваа победа не ни гарантира дека ќе бидеме на првото место. Премногу е рано да се зборува, пред нас е долг пат кој треба да го поминеме“, изјави Милевски.

Македонија во натпреварот влезе по разочарувачкото реми со Фарски Острови, а во денешниот натпревар беа забележителни одредени разлики. Милевски истакна дека во тој дуел ни недостасувала енергија.

„Ни недостасуваше енергија, посебно во првото полувреме. По корекциите во вториот дел и во тој натпревар изгледавме подобро, создадовме шанси, но за жал не реализиравме. Денес го имавме тој дел на агресивност и решителност. Жалам што и во првото полувреме не постигнавме и два-три гола бидејќи имавме шанса. Формата во клубовите за мене не е важна, секогаш кога се тука даваат се од себе и се во функција за репрезентација. Верувам дека даваат и повеќе од нивните можности“, истакна селекторот.

Веќе во октомври Македонија ја чекаат нови предизвици во Лигата на Нации.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот