Милевски: Головите ги примивме по наши индивидуални грешки

Селекторот Благоја Милевски вели дека неговите фудбалери нема да излезат со бело знаме во бараж натпреварот против Италија/Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Македонската А репрезентација го претрпе само вториот пораз во својот осми натпревар од квалификациите за Светското првенство.

Германија се покажа како подобра во Скопје и славеше со убедлив резултат 0:4 и на тој начин си обезбеди пласман на Мундијалот.

Ние и натаму сме во трка за второто место кое води во баражот, а за таа цел ќе ни требаат две победи во последните две кола и еден кикс на Романија во последните дуели.

Благоја Милевски кој во минатото коло го забележа првиот триумф како селектор на сениорите, а сега го доживеа и првиот пораз, вели дека примените голови на денешната средба биле по индивидуални грешки.

– Германија заслужено дојде до бодовите и им честитам. Добро бевме поставени во првото полувреме, бев задоволен од играта, но не ги искористивме на најдобар начин транзициите.

Во вториот дел головите ги примивме по наши четири индивидуални грешки, тие се составен дел од игратa и тоа нема никаква поврзаност со тактиката и поставеноста.

После првиот гол паднавме и физички, можеби и недоволната физичка подготвеност на одредени играчи доведува до индивидуални грешки. Против Германија не можеш да одиграш само едно полувреме, мора да се биде на ниво во сите 90 минути доколку сакаш позитивен резултат, во спротивно доаѓа казната. Треба да гледаме напред, имаме уште два натпревари до крајот на квалификациите – рече Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот