Милевски го избра почетниот состав за натпреварот со Ерменија

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра натпреварот против Ерменија на домашен терен во рамките од второто коло во Лигата на Нации.

Селекторот Благоја Милевски се одлучи да направи и промени три промени составот во однос на составот кој ремизираше против Фарски Острови пред три дена (1:1). Од тимот кој настапи во Торшавн изостанаа Димитар Митровски, Никола Серафимов и Ахмед Иљазовски, додека вo тимот се враќаат Ѓорѓи Зајков, Стефан Ашковски и Давид Бабунски.

СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Димоски, Муслиу, Зајков, Ашковски, Давид Бабунски, Алими, Барди, Елмас, Чурлинов, Миовски

Натпреварот започнува во 20:45 часот.

Македонија последен пат победи против Ерменија пред 11 месеци – вечерва сакаме излез од кризата!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот