24.8 C
Скопје

Милевски: Еко центарот Бислим, станува лидер во развојот на алтернативниот туризам

Уредувањето на спортско рекреативен еко-центар БИСЛИМ во рамките на проектите за развој на Североисточниот плански регион овозможува социјална интеграција, инклузивност и отвореност за еднакви можности за околу 2000 деца од кои 400 деца со физичка попреченост, но и бројни активности за љубителите на алтернативниот туризам.

-Со проектот за развој на локалитетот БИСЛИМ и седумкилометарската Бислимска клисура којашто поседува огромен неискористен потенцијал за развој на најразличен вид алтернативен спортски и рурален туризам, изградивме спортски центар кој нуди разновидни активности. Проектните активности овозможуваат подобрување на условите за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста во Североисточниот плански регион, социјална инклузија, зголемен интерес за спорт и спортски активности кај младите, формирање спортски друштва, развој на конкурентна туристичка понуда, создавање на поволни услови за јавно-приватно партнерство и многу други, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тој појасни дека со поддршка на Швајцарска агенција за развој и соработка, целосно е опремена и адаптирана околината на клисурата, поставувена урбана опрема, обележани се за трекинг, планинарење, спортско качување, планински велосипедизам како и кајакарски патеки на реката Пчиња.

Фото: Министерство за локална самоуправа

-Изградени и уредени патеки за спортско качување и ВИА-ФЕРАТА – 60 патеки за спортски качувачи по карпи, набавени 15 кајаци со комплетна опрема за кајакарство која можат да ја користат и лицата со посебни потреби.Исто така обезбедени се 8 машки, 8 женски велосипеди и 6 електрични велосипеди и мобилна работилница за планински велосипедизам. Набавени се два  мотори со погон на 4 тркала, за потреби од аспект на прва помош и друга логистичка поддршка. Изработена е и мобилна апликација со GPS (за сите знаменитости, пешачки и велосипедски рути и патеки прилагодени за лица со посебни потреби), појасни министерот Милевски.

еко центар бислим
Фото: Министерство за локална самоуправа

Вредноста на проектот е 7.914.100 денари и е дадена на стопанисување на Вертикал Травел ДООЕЛ настапува под трговското име –Оutdoor Аdventure Macedonia.

За потребите на стопанисување со Бислимска клисура, Оutdoor adventure Macedonia изработи цела нова плејада на активности и услуги кои се нудат согласно опремата и со цел комерцијализација на регионот, масовност на турите и развој на руралниот туризам.

Во рамки на програмата се вклучени еднодневни спортско качувачки тури, викенд качувачки тури, викенд качувачка авантура – наменета со постари лица и деца – се нуди лесно планинарење, лесно искачување на една или две насоки, сместување во наши капацитети и дегустација на локална домашна храна – приготвена во соработка со мештаните. Исто така еднодневни и дводневни планинарски тури, викенд кампинг авантура – планинарење со вклучен кампинг на место околу планинарската патека, еднодневна и дводневна велосипедска туракако и тура со електрични велосипеди . За љубителите на водни спортови се нуди и  кајак авантура – групно кајакарење под надзор на инструктор, рафтинг авантура- во одредени периоди од годината кога има услови за тоа. Активни екскурзии- наменети за ученици од средни и основи училишта, Тим Билдинг- авантуристички настан наменет за домашни и странски компании, комбо авантура – планинарење, качување, кајакарење и планински велосипедизам – две нивоа на тура, наменети за посебни целни групи, извидничка тура- наменети за домашни и странски одреди – комбо плус кампинг, тандем лет со параглајдер- согласно временските услови, Off road ATV- водење на тура со атв, Виа ферата тура- комерцијално и лесно качување, едукација и оспособување на нови кадри во сите сфери на активностите, едукативна викенд работилница за поправка и техники на возење на планински велосипеди, обука на нови качувачи и инструктори во спортско качување, обука и оспособување на нови водичи во планина и инструктори, кајак тура на Липковско Езеро, велосипеднска тура до Герман, Козјак, Кокино, Куклица, Цоцев Камен, Осоговски планини, Лесново, планинарска тура со посета на пчеларници, со можност за дегустација и купување на органски мед.

– Секако многу сум задоволна дека преку споделување алатки како регионалните форуми за граѓанско учество Швајцарија го поддржува и унапредува регионалниот развој во Северна Македонија преку три декади. Оваа година преку нашата нова „Швајцарска програма за соработка” ние продолжуваме да ја поддржуваме Северна Македонија во полињата демократија, економија и животна средина, додаде Швајцарската амбасадорка Сибил Сутер.

За крај градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски додаде: Нашата цел како општина е да го искористиме капацитетот на Бислимската клисура за дополнителен развој на туризмот не само во општина Куманово туку и во регионот.

Поврзани вести

Лукаревска: Наша единствена алтернатива е ЕУ

Слободен печат

Пукотница во Старата скопска чаршија

Слободен печат

Филипче од Штип: Покажавме дека за нас зборот е збор, го имаме најдоброто за секоја општина

Слободен печат

Ексцентричен тајкун, креатор на најпознатата антивирусна програма, пронајден мртов неколку часа по одлуката за екстрадиција

Слободен печат

Заев тврди дека не разговарал со Ахмети за промена на знамето, грбот и химната

Слободен печат

Заев за новите проекти: Се воведува еколошка такса, ќе се инвестира во обновливи извори

Слободен печат

Остави Коментар