Милевски: Дојдовме да ја победиме Грузија, ќе се бориме додека постојат и најмали шанси

фото: ФФМ

Македонската А репрезентација утре од 18.00 часот во Тбилиси ќе го игра натпреварот од петтото коло во групата од Лига на нации против домашната Грузија.

На официјалната прес-конференција пред новинарите говореше селекторот Благоја Милевски. Нашиот стратег вели дека секогаш е важен тимот, тој победува, а не индивидуалците.

– Се концентрираме на тоа како ќе функционираме како тим против одличен противник. Македонија имаше одлични квалификации за Светско првенство, одлични натпревари во баражот против Италија и Португалија, но за жал се соочивме со многу проблеми во Лига на нации. Имавме многу повредени фудбалери и принудно менувавме, иако тоа не беше план. Продолжуваме со таа транзиција, а ова е можност да се увериме во квалитетот на помладите фудбалери. Додека постојат и најмали шанси ние ќе се бориме – вели Милевски.

Првиот меѓусебен меч одигран на Националната арена „Тодор Проески“ убедливо го добија Грузијците со 0:3.

– Никогаш не се навраќам на минатото, а нема ниту на мечот со Грузија во Скопје. Играат поразличен фудбал од порано, а дали се поквалитетни од нас, ќе покаже времето. Во фудбалот не победува секогаш подобриот. Ако мислиме дека не можеме да победиме тука, не би ни дошле. Овде сме дојдени да победиме – се зборовите на Милевски.

Алиоски: Не сме под притисок, победа во Тбилиси ќе ни донесе уште подобра атмосфера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот