Милев: Можеме да играме против секого, само треба да веруваме

Вчерашната победа над Белорусија го врати насмевките кај одбојкарите, додека денешниот триумф над Словенија покажа дека Македонија има со што да се гордее на Европското првенство.

– Во спортот нема фаворити и нема потценување – само желба за игра. Одигравме натпревар каков што посакувавме. Ако веруваме во себе, како што тоа беше сега, можеме да играме против секого. Натпреварите како со Русија во последниот сет, како тестот со Бугарија, беа дуели од висок ранг каде доаѓа на виделина квалитетот и желбата што ја имаме во нас. Ако се даде максимумот, сигурно е за нас дека можеме до резултати. Во осминафинале со кого и да се игра, ќе биде како мечот со Русија. Се игра за уживање, се надевам дека ќе продолжиме – рече Владо Милев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот