Милер го продолжи договорот со Баерн Минхен

фото: твитер

Еден од најголемите симболи на баварскиот фудбалски гигант, германскиот репрезентативец останува верен до 30 јуни 2023 година.

Како што информираше Карл-Хајнц Румениге, Германецот останува верен на баварскиот фудбалски гигант.

Томас Милер потпиша нов договор на две години и ќе остане во Баерн Минхен до 30 јуни 2023 година.

Репрезентативецот на Германија претставува еден од најголемите симболи на екипата, човек кој што цел живот ја помина во главниот град на Баварија и како дете имаше значаен придонес во сите успеси во поновата историја.

Досега во дресот на клубот од „Алијанц арена“ има учинок од 521 меч во сите натпреварувања, со 195 голови и 188 асистенции.

Претходно тренерот на Баерн, Ханс Флик стави потпис до 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот