Миленкоски: Среќни сме што ја совладавме Белгија, која е велесила во одбојката

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација ја запиша првата победа во Европската златна лига откако во Скопје со 3:1 во сетови ја совлада Белгија.

По стартниот пораз од фаворитот Украина во нашата група, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски во СЦ „Борис Трајковски“ се покажаа во многу подобро издание и ги освоија првите бодови како дебитанти во ова натпреварување.

Миленкоски е среќен и задоволен што неговите одбојкари со едно високо ниво на игра успеаја на крајот да триумфираат една одбојкарска велесила

– Возбудени бевме, затоа што јас пред долги години сум играл пред ваква публика, се враќам исто така по долго време. И не ми беше сеедно на почетокот, дури имав и трема, се случува ете возбудата да биде малку поголема. Среќни сме, затоа што ова е Европска златна лига, игравме против една репрезентација која можеби е подмладена, но со играчи кои настапуваат во екипи од Лига на шампиони. Белгија е една велесила во одбојката, со школувани одбојкари, млади, кои во ни еден момент не се предаваат. Беше еден исцрпувачки натпревар кој успеавме да го добиеме што ќе ни значи многу за нашата самодоверба, да продолжиме со ист интензитет, да работиме, да се подготвуваме за следниот меч со Хрватска. Тоа што е важно, да држиме едно високо ниво на играта во текот на целиот натпревар што ни успеа против Белгија со одредени падови што е нормално. Наше е да одиме чекор по чекор до она што следува во август-септември и Европското првенство – изјави селекторот Миленкоски по завршувањето на натпреварот.

Следниот трет меч во групата „Б“ македонската репрезентација ќе го има повторно во Скопје, а противник ќе биде Хрватска која претрпе порази во првите две кола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот