Миленкоски не го напушта ПАОК, става потпис на нов договор

Фото: facebook/Josko Milenkoski

Јошко Миленкоски и следната сезона ќе биде тренер на ПАОК. Македонскиот одбојкарски стратег реши да остане во грчкиот клуб и да продолжи со работа во екипата со којашто го освои купот и играше финале во првенството.

“Имав неколку понуди, размислив и одлучив да продолжам со Паок. Навивачите одлично ме прифатија, имам одлична соработка со сите во клубот, блиску сум до дома, а тоа се фактори коишто беа доволни за да го продолжам ангажманот во Грција”, вели предводникот на македонската репрезентација којшто денеска ќе стави потпис на новиот едногодишен договор со ПАОК.

Претходно, Миленкоски предводеше седум клубови, а со четири од нив оствари пласман на завршниот турнир во Купот на ЦЕВ.

Најтрофејниот македонски тренер беше селектор на Турција и ја предводеше до 11-то место на Европското првенство во 2017, што значи дека претстојниот континетален собир на којшто коорганизатор е и Македонија, ќе биде негов втор настан од тоа рамниште. А дотогаш, македонската репрезентација под негово водство ќе одигра уште три натпревари во Европската златна лига. Досега имаме победи над Белгија и над Хрватска и пораз од Украина.

В сабота ќе гостуваме во Шарлоа, поtоа во Задар, а на 18-ти, во последниот натпревар од групата, ќе ја пречекаме Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот