Миленикот на жирикомисијата од „Ѕвездите на Гранд“, Гоце од Прилеп сними песна! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Прилепчанецот Гоце Бошковски – Чоки е еден од оние македонски учесници во најголемото и најпопуларно регионално музичко натпреварување, музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, кои во минатиот циклус  оставија најсилен впечаток , а и најдалеку дотуркаа.

Годинава  Гоце – Чоки е повторно дел од региналната „ѕвездена елита“ со уште посилни амбиции и поголеми надежи дека конечно ќе го допре самиот врв и ќе се вброи меѓу првата лига на „Ѕвездите на Гранд“, како отскочна штица за сериозна кариера и надвор од Македонија.

На патот кон тронот, Гоце не ја запоставува и сопствената кариера во Македонија, па така неодамна ја сними, ја визуелизираше а вчеравечер, недела, 27 септември во етерот ја промовираше својата најнова песна и видеото за неа насловени  „Искинати спомени“.

Комплетен автор на песната (музика, текст, аранжман) е стариот проверен мајстор, композиторот и продуцент  Кристијан Габроски.

Видеото кое ја следи фабулата на приказната од текстот во кој по старата добро позната навика: „Одговорот го знам, откако ќе останам сам“ е во режија на Оливер Ангелески, за камерата и монтажата бил задолжен Георгиј Трајкоски, асистент – Горан Попоски, додека за светлото Мартин Милкоски.

Погледнете:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот