„Миле виски“ оди во пензија, алкохолот го спречи Украинецот да направи голема кариера

Милевски наместо по фудбалската кариера ќе остане запомнат по aлкохолот и бурниот живот/ фото: EPA/ROBERT GHEMENT

Украинскиот фудбалер Артем Милевски денеска објави крај на фудбалската кариера.  Последен клуб на Милевски беше украинскиот второлигаш Минај. Артем Милевски најголемите успеси во кариерата ги имаше во дресот на Динамо Киев за кого играше 11 години и на 178 наптревари постигна 57 голови.

Алкохолот и бурниот живот го спречија Милевски да има голема кариера иако му предвидуваа дека ќе биде идниот Андриј Шевченко, но на крајот ќе остане запомнет по „достигнувањата“ надвор од терените .

За тоа каков беше Артем Милевски во приватниот живот најдобро отсликува прекарот кој му го дадоа навивачите на Хајдук кога го носеше дресот на овој хрватски тим, „Миле виски“ поради неговиот бурен ноќен живот.

Украинецот кога настапуваше за турскиот Газиантеп возејќи во алкохолизирана состојба го искрши скапоцениот автомобил Ферари.

Во 2015 година Украинецот благодарение на неговиот поранешен соиграч од Динамо Киев, Горан Сабљиќ потпиша за Хајдук. Но, наместо на теренот, тој брилјираше во ноќните клубови, а навивачите на популарната Торцида му го дадоа прекарот „Миле виски“ поради неговите „настапи“ во дискотеките и баровите во Сплит. Кога беше фатен дека вози во алкохолизирана состојба, Милевски доби отказ од Хајдук.

Во кариерата покрај Динамо Киев, Газиантеп, Хајдук има настапувано и за Сплит, Конкордиа, Тосно, Динамо Брест, Кисварда и Минај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот