Миле Јанакиески не се враќа во притвор, судот го одби барањето на Русковска
Кривичниот совет при Основниот Кривичен суд Скопје соопшти дека барањето на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за Миле Јанакиески се одбива како неосновано.
Апелацискиот суд Скопје на 18.11.2021 година на Јанакиески му ја укина мерката куќен притвор, определена за предметот КОК 53/17 во јавноста познат како „ТНТ“ и му определи мерки за претпазливост.
Обвинителството денеска поднесе предлогот за определување мерка притвор за предметот со КОК 2/20 поврзан со настаните од 27 април 2017 година, а Кривичниот совет, при одлучувањето, ја имаше во предвид одлуката на второстепениот суд, а воедно смета и дека во новиот предлог не биле понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки од оние кои веќе му се одредени на обвинетиот.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелацискиот суд во рок од три дена по приемот на решението.