Милатовиќ смета дека никој не треба да биде исклучен од учество во Владата на Црна Гора

Јаков Милатовиќ убедливо го победи Мило Ѓукановиќ на изборите во Црна Гора/Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, во интервју за подгорички „Вијести“ изјави дека не смета дека кој било субјект однапред треба да биде исклучен од учество во новата влада, вклучително и коалицијата за иднината на Црна Гора (ЗБЦГ).

„На принципиелно ниво не можам да прифатам ниту еден политички субјект кој ја добил довербата на одреден број граѓани, вклучително и ЗБЦГ, да може однапред да биде исклучен од учество во власта. Тоа би било враќање во недемократскиот политички амбиент пред август 2020 година и сигурен сум дека во изминатите три години направивме значајни чекори во демократското созревање на општеството. Заклучувајќи врз основа на медиумските извештаи, беа одржани значителен број состаноци меѓу претставниците на ЗБЦГ и мандаторот Спајиќ. Добивме впечаток дека конечниот договор не е постигнат поради несогласувања за степенот на застапеност на таа коалиција во идната влада, а не поради различни видувања на програмските приоритети“, изјави Милатовиќ за „Вијести“.

Тој го спомна и Граѓанското движење УРА, со кое Спајиќ не сака да соработува поради аферата До Квон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот