Милатовиќ го обвини противкандидатот за претседателските избори Ѓукановиќ дека организирал физички напад врз него

Мило Ѓукановиќ
Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Кандидатот за претседател на Црна Гора од Движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ изјави дека претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ во првиот круг од претседателските избори „го достигнал максимумот“ и оти е убеден дека тој ќе извојува голема заедничка победа во вториот круг.

„Како што ветив дека ќе успееме, синоќа покажав дека успеавме. Ова е прво полувреме, а во второто ќе ја запечатиме заедничката победа против политиката на поделби и сиромаштија“, изјави Јаков Милатовиќ, претседателскиот кандидат на Движењето „Европа сега“ во гостувањето на телевизијата Вијести. Тој истакна дека не сака да ја монополизира победата.

Милатовиќ го обвини Ѓукановиќ дека „организирал физички напад“ врз него.

„Она што сигурно го знам е дека ќе продолжам да испраќам позитивни пораки, да зборувам за економијата, да нагласувам работи кои нè обединуваат, да се фокусираме на евроинтеграциите. Што ќе прави Ѓукановиќ – тоа е проблем на Ѓукановиќ. Знаете и самите дека овoj човек во недостиг на аргументи организираше физички напад врз мене. Се надевам дека во следните 15 дена полицијата и нашите безбедносни служби некако ќе успеат да ја држат ситуацијата апсолутно под контрола“, порача Милатовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот